Нешто лично

Јас сум Теа. Правник to be (continued?!), целосно предан вљубеник во науката наречена - КУЛИНАРСТВО
---
Блогот „Часови по готвење“ настана сосема спонтано, во име на храната, која за мене е уметност, креативност и наука. Пасиониран и верен собирач сум на стари, бабински и мајчински рецепти, како и нови рецепти со модерни твистови. Готвам. Во тек сум со сите модерни трендови во областа на кулинарството. Верен фан и обожувач сум на ликот и делото на Џејми Оливер (како промотор на здрава храна и интересен тв лик), Гордон Ремзи (врвен готвач со оригинални, наједноставни рецепти) и Ана Угарковиќ (готвачка со префинет стил и елеганција во готвењето). 
---
Блогот е за сите оние кои ги интересира кулинарстовото, готвењето, сакаат да готват или пак се релаксираат читајќи рецепти (како мене). Рецептите се само еден дел од богатата ризница на рецепти, трикови, совети и идеи поврзани со храната и готвењето кои можат да се најдат на интернет.
---
Ниеден од рецептите кои се на овој блог не се лично мои (вклучувајќи ги и сликите), освен оние кои се во ставката „Рецепти од авторот“. Ако некој се најде повреден од негова објавена авторска слика на овој кулинарски блог, слободно нека ме исконтактира на долунадевениот мејл и истата ќе биде навремено избришана.
---
Се надевам дека ќе бидете редовен посетител на блогот и сите ќе научиме по нешто од областа на кулинарството. Повеќе за мене, прочитај тука,тука (стр.30/31) и тука.


Со љубов, престилка и дрвена лажица во рака,
Теа.


пс. Слободно контактирајте ме на





за прашања, совети, сугестии, пофалби или критики.