---
Двојно печени компири со павлака и тивкициПотребно е:
- 1 компир, со рапава кора
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици павлака
- малку млеко
- сол и бибер
- половина лажиче ситно сечкан магдонос
- 1 мала тиквица, исечкана на ситни коцки
Намачкајте го со маслиново масло и зачинете го малку со сол и бибер. Имате два начина да го испечете: во микробранова печка, така што ќе го ставите во огноотпорен сад и ќе го печете 10 минути или ќе го завиткате во фолија, ќе го ставите во тавче за печење и ќе го печете во рерна загреана на 250 целзиусови степени, додека да омекне.
За тоа време направете го филот. Ситно сечканите тиквици ставете ги да се пропржат на малку маслиново масло. Пржете ги додека да омекнат. Тиквиците може да ги замените со било кој зеленчук по ваша желба (домати, пиперки, кромид, модар патлиџан...).Зачинете со сол и бибер.
Кога компирот убаво ќе омекне (не се лакомете и оставете го сосема да се олади) пресечете го по должина, не до крај, туку да направите џеб. Извадете ја внатрешноста со лажица и неа зачинете ја со сол и бибер. Во неа, ставете ги павлаката, малку млеко, магдоносот и тиквиците, претходно убаво измешани, ако пире. Со овој фил наполнете ја внатрешноста на компирот. вака подготвен компирот ставете го во микробранова печка да се запече уште 2-3 минути или во рерна загреана на 250 целзиусови степени, околу 5-7 минут додека да се растопи павлаката.
---
Двојно печени компири со кашкавал и сланина
Потребно е:
- 1 компир, со рапава кора
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажиче путер
- сол и бибер
- 1 лажица павлака
- 1 рака кашкавал, изрендан
- 1 лента сланина, ситно сечкана и пржена
- 1 чили пиперче, ситно исечкано
Извор: acozykitchen.com









0 коментари:
Post a Comment