15 јуни, 2011

Тестенини : Запечени лазањи

Pin It
Потребно е:
  • 1 пакетче кори за лазањи
  • 150 гр кругови шунка
  • 150 гр печеница
  • 250 гр кашкавал гауда
  • 2 јајца
  • 200 мл кисела павлака
  • 100 мл кечап
  • 2 лажици пармезан или друг кашкавал
  • оригано
Подготовка: Лазањите сварете ги во солена и зовриена вода. Кога ќе се сварат, исплакнете ги во ладна вода, наредете ги на пластична ќеса и оставете ги да се исушат. Во сад изматете ги јајцата и павлаката. Секој лист лазања премачкајте го со филот од јајца и павлака и наредете едно парче шунка, печеница и кашкавал. Ова направете го со сите листови лазањи. Вака подготвените лазањи наредете ги во тава за печење, намачкана со кечап. Врз ролничките прелијте го остатокот од филот со јајца и кисела павлака, а врз него остатокот од шунка, печеница и кашкавал, ако ви останал. Печете во рерна загеана на 200 целзиусови степени, додека убаво да се запечат и да добијат златнож жолта боја. 

0 коментари:

Post a Comment