09 јуни, 2011

Основен рецепт : Компир салата на германски начин

Pin It
Потребно е:

  • 1 кг компири
  • 300 гр сланина, исечкана на коцки
  • 1 главица кромид, ситно исечкана
  • јаболков оцет
  • масло за јадење
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица дижон сенф
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка бибер
  • 2 лажички ситно сечкан магдонос
Подготовка: Прво, сварете ги компирите. 
Во меѓувреме, во тава на оган со малку масло испржете ја сланината на средна температура додека да биде крцкава. Кога ќе се испржи сланината, извадете ја на кујнска хартија.
На истата маснотија испржете го кромидот додека да омекне.
Направете го дресингот така што во мал сад ќе ги измешајте сенфот, шеќерот, оцетот, солта, биберот и маслото за јадење. 
Компирите исечете ги на коцки и прелијте ги со дресингот. Во компирите помешајте ги кромидот и сланината и целото јадење измешајте го. 


0 коментари:

Post a Comment