26 април, 2011

Светска кујна : Muhammara, Сирија + рецепт

Pin It
Обожавате намази и макала? Ако да, тогаш ова е оној намаз кој треба да биде почесто подготвуван во вашата кујна. 
Овој намаз наречен мухамара е таканаречено пире со потекло од Средниот Исток и е микс од печени црвени пиперки, ореви и густ џус од калинка. Основата му е оваа, но може да се надоградува со сок од лимон, магдонос или лук. Се декорира со ливчиња нане.
Најчесто се служи како додаток при јадење наан леб и зеленчуци. 
Еве го рецептот:


Потребно е:

  • 1 тегла печени лупени црвени пиперки
  • 250 гр лебни трошки
  • 200 гр ситно сечкани ореви
  • 2 лажици сок од калинка
  • 1 чаша зрнца од калинка
  • 1 чаша маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица букова сол
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 чешниња лук
Подготовка: Во блендер ставете ги сите состојки: пипрките, лебните трошки, оревите, сокот од калинка, лимоновиот сок, солта, лукчињата и буковата сол. Додека миксате полека додавајте го маслото.Миксајте додека да добиете мазна смеса. Декорирајте со неколку ливчиња свежо нане. 
Забелешка: Оваа смеса можете да ја ставите во тегла и да ја чувате во фрижидер подолго време, без никаков проблем затоа што самиот намаз содржи масло. 

0 коментари:

Post a Comment