---
Оваа салата настана спонтано. Еве како. Имаше претходно сварени макарони кои и така ќе се ставеа во фрижидер за наредниот ден. Ги исечкав на мали парчиња. Исечкав свежа краставица, па ставив и сечкани маслинки. Малку павлака, мајонез и сенф, едно варено јајце, многу бибер и сол и навидум готово. Но... :) Ја знаете мојата опсесија со кромидот, нели? А сега младиот кромид е во сезона, па и него го ставив во мојата салата. Се измешав. Ја пробав салата и ... тогаш дојде оној момент како во филмовите кога некој ќе се просветли, пропратено со музика во глава (ааа...!!!). Ја ставив во фрижидер и наредиот ден мистериозно ја снема. Ми рекоа сум направила малку и затоа се изела. Тогаш, решив пак да ја направам и овој пат да ја сликам за да ја споделам со вас.
---
Ако уште не се убедени дали да ја направите или не, само ќе ви кажам дека ова е еден одличен спој на состојки кој заслужува да биде искомбиниран во вашата кујна. Плус, на пријателите сигурно ќе им се допадне (ако не претерате со кромидот, се разбира) и ако се изеде цела за неполни два дена, тоа е успех.
---
Еве ги сосотојките:
Потребно е:
- 1 голема свежа краставица, исечкана на мали коцки
- 10 маслинки, исечкани на парчиња
- 2 варени јајца, исечкани на коцки
- пола кеса макарони, исечкани на мали парчиња
- 2 млади кромидчиња, ситно исечкани
- 3 лажици павлака
- 1/2 лажица мајонез
- 2 лажички сенф
- бибер, сол
Ставете ги сите состојки во голем сад, заедно со мајонезот, сенфот и павлаката. Зачинете со малку сол и многу бибер и измешајте убаво.
Ставете ја во фрижидер да отстои 1 час, а може да се јаде и веднаш, ако сте нестрпливи.
---
Забелешка: Во салатата може да ставите кашкавал сечкан на коцки или рендано сирење.
---
Како и за секој рецепт така и за овој важи дека колку поквалитетени состојки ќе употребите, толку повкусна ќе биде салата.







ах, љубоф...... :)
ReplyDeleteа за кромидот лаф не прајме..фтора љубоф! :D:D:D