04 март, 2011

Лекција 15 : Рецепт за совршени палачинки

Pin It
Дали масло или путер прават разлика за тоа како ќе излезе тестото за палачинки? Колку и какво брашно? Полномасно млеко или не? Сега ќе дознаете се за тоа како да направите совршени палачинки.


Сигурно барем еднаш во животот сте направиле или барем сте се обиделе да направите палачинки. На некој му успеало „од прва“, а на некој не. Има неколку трикови кои се лесни и уште веднаш ќе ги запомните и примените нареден пат кога ќе подготвувате палачинки за вас и вашите најблиски роднини и пријатели. 


Прво, еве една интересна информација за палачинките. Првиот и најстар рецепт за палачинки доаѓа од Англиски готвач со издание од 1594 година. Авторот на книгата, рецептот за палачинки го објаснил на следниот начин: смесата треба да биде густа, 5 жолчки, голема рака брашно и 2 до 3 големи лажици пиво, зачинети со шеќер, цимет или ѓумбир. Ако пробате да направите палачинки по овој рецепт, ќе створите еден голем неред во кујната и сигурно ќе се обесхрабрите откако ќе го согледате неуспехот од палачинки пред вас :) 
---
Тајната за совршени палачинки е во тавчето. Тоа треба да биде со дебело дно. Тефлонските тави освен што се штетни за здравјето, тие се изобличуваат после неколку нејзини користења - (рамниот долен ден од тефлонското тавче се превткува заради пречесто изложување на висока топлина). Конзистеницијата на смесата за палачинки зависи од тоа како ги сакате палачинките - американски (дебели) или француски (crepe, многу тенки палачинки). Смесата за американски палачинки е многу густа, а за француските „crepe“ е ретка. 
Еве го рецептот за совршените палачинки - прецизни мерни единици за брашно и млеко. Плус, еште еден БОНУС ТРИК кој ќе го прочитате подолу: 


Смеса за 8 палачинки:
  • 125 гр бело брашно (сенаменско или било какво брашно кое користите)
  • прстофат сол
  • 1 јајце и 1 жолчка
  • 225 мл млеко
  • 1 коцка путер (за пржење на палачинките)
Подготовка: Земете голема цедалка и ставете ги брашното и солта во цедалката. Просејте го брашното во длабок сад. Во млекото ставете го прво целото јајце, убаво измешајте, а потоа ставете ја жолчката. Ставете две супени лажици вода. Целата течна смеса убаво измешајте ја со жица за матење за да нема грутки од јајцата. Течната смеса ставете ја во сувата (брашното) и убаво мешајте со жица додека не добиете глатка смеса. Смесата треба да биде со конзистенција како јогурт. Тавчето загрејте го на висока температура. Кога ќе се загрее, намалете ја температурата на средина и ставете една коцка путер (или маргарин). Кога коцката путер ќе се растопи, вишокот од маснотија ставете го во смесата за палачинки. Со голема лажица за супа ставајте по една лажица (не преполнета) во загреаното тавче. Убаво распоредете ја смесата на целото тавче за палачинки. Кога ќе почне благо да се одовојува палачинката од страните, со дрвена лажица потпомогнете во одвојувањето и потоа свртете ја палачинката од другата страна. Не ги печете палачинките многу долго и не се плашете дека тие ќе останат недопечени. Палачинките треба да имаат беж боја. 



БОНУС ТРИК: Готовата палачинка ставете ја на чинија и врз неа ставете парче кујнска хартија. Така одвојувајте ги сите палачинки за да останат меки. 


ПЛУС ТРИК: Млекото, јајцата и водата треба да бидат ладни.
Филувањето на палачинките зависи само од вас: со еурокрем и банани, со мед и ореви, со кафеав шеќер и лимон, микс од шумски овошја и шлаг (како благи) или павлака и шунка,  домати и босилек, микс од мајонез, павлака, шукна и кашкавал, микс од обарен спанаќ и фета сирење (како солени). 



2 коментари:

  1. Neznam zasto porano ne naidov na ovoj blog. Sega bas se raduvam sto go najdov i cekam recepti interesni raboti koi mozam da gi naucam. pozdrav

    ReplyDelete
  2. Cesto gi pravam preubavi se kolku i da gi ima za cas gi snemuva,bilo soleni ili blagi.Na ovaj blog ima prekrasni
    recepti pozdrav.

    ReplyDelete